Позната американска водителка среде емисија доживеала мозочен удар

Познатата американска водителка, 56-годишната Венди Вилијамс, според последните пишувања на магазинот Globe, пред неколку дена претрпела мозочен удар за време на водењето на својата емисија.

Контроверзната водителка ги загрижи фановите кога на социјалните мрежи се појавија фотографии од нејзините потечени стапала.

Сите биле убедени дека сликите се резултат на прогресивното отекување на меѓуклеточното ткиво, симптоми што ги забележала камерата, а кои се поврзауваат со еден вид мозочен удар.

Како што пренесува таблоидот, во емисијата што била прикажана на 23 ноември водителката, додека разговарала со пејачката Адел, имала тешкотии во изговарањето некои зборови, како и со одржувањето на концентрацијата. Изгледло како да ја губела свеста во неколку наврати.

Засега Венди се нема огласено по повод ваквите шпекулации, а нејзината состојба ја анализирал неименуван лекар, кој изјавил дека станувало збор за минлив исхемичен напад, познат како TIA, што претставува еден вид мозочен удар.

Според зборовите на медицинскиот експерт, ако ваквата состојба не се третира, таа би можела да придонесе до вистински мозочен удар со што мозокот ќе престане да работи, а телото ќе биде парализирано. Во некои од случаите ваквите испади резултираат и со смрт, вели тој.

Нејзиното цикцак-движење и неможноста за правилно да изговори некои зборови, како што е љубомора, па дури и името на самите пејачи, некои од фановите го протолкуваа како еден вид мозочен удар.

Таблоидот Gossip Cop напоменува дека Венди и претходно имала слични сцени во текот на водењето на емисијата, а тие биле резултат на нејзината долгогодишна борба со алкохолизмот.

Scroll to Top