Американскиот магазин „Форбс“ направи листа на познатите личности кои заработуваат и по нивната смрт.
1. Пол Вокер
Познатиот актер кој загина трагично во сообраќајна несреќа е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и по смртта. Неговата заработка е 10,5 милиони фунти годишно.
2. Елвис Присли
Кралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, годишно заработува 55 милиони долари.
3. Мерилин Монро
Иако почина во 1962 година, Мерилин и денес заработува 15 милиони долари годишно.
4. Мајкл Џексон
Кралот на поп музиката, во 2009 година, по неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години по смртта заработил повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Тој за шест години заработил 653 милиони фунти.
5. Курт Кобејн
Легендарниот музичар годишно заработува 50 милиони долари.
6. Алберт Ајнштајн
Познатиот научник, кој почина во 1995 година има годишна заработувачка од 20 милиони долари.
7. Џон Ленон
Популарниот пејач на „Битлси“, од продажбата на музичките албуми годишно заработува 12 милиони долари. Во Америка во периодот од 1992 година до денес се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.
8. Елизабет Тејлор
Благодарение на нејзината линија парфеми White Diamonds, познатата актерка која почина во 2011 година заработува 20 милиони долари годишно.
9. Џ. Р. Р. Толкин
Ако сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш и вие сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.