Хајди Клум го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога доживеа моден проблем.
Познатата манекенка и водителка се појави во долг, црн фустан-сако со висок шлиц, а налетот на ветер речиси откри премногу.
51-годишната поранешна манекенка брзо се снајде, го покри шлицот со рацете и позираше за фотографите, насмеана, сето тоа додека двајца минувачи гледаа. Клум го надополни изгледот со високи потпетици, црни очила за сонце и дијамантски обетки.
Инаку, ова не е прв пат моделот да привлече внимание со своето појавување во Њујорк. Кон крајот на март, таа се прошета низ Менхетен во јакна со длабоко деколте и проѕирно здолниште, привлекувајќи го вниманието на фотографите и минувачите.
Таа се враќа во „Проект Писта“
Супермоделот се враќа во „Проект писта“, американско ријалити шоу кое им дава можност на талентирани модни дизајнери да се натпреваруваат во креирање облека преку разни предизвици. Клум беше водителка на шоуто од неговото основање во 2004 година до 2017 година, а сега, по осумгодишна пауза, таа се враќа како водителка за 21-та сезона.