Познатите раскажаа за првиот секс

Првиот секс најчесто не е онаков како што го замислуваме. Неколку јавни личности отворено прозбореа за своето прво искуство.

Клои Кардашијан

„Мојата ситуација не беше добра. Имав 14 години и се состанував со момче што имаше 18 години. Сега ми изгледа одвратно, но тогаш ми беше кул. Бев притисната да имам секс, не бев подготвена, едвај го познавав своето тело. Мислев дека нема да бидам кул ако не го направам тоа. Но, не ми беше удобно и моето тело чувствуваше дека е погрешно, па потоа немав секс во наредните три години.“

Даниел Редклиф

„Јас сум еден од ретките луѓе кои имале навистина убаво прво сексуално искуство. Беше со личност што ја знаев многу добро и мора да кажам дека потоа имав многу подобар секс, но сепак првото искуство не ми беше засрамувачко како на некои луѓе.“

Меколи Калкин

„Имав 15 години и не беше грдо и чудно, го планиравме тоа… Беше топло и лепливо. Ми изгледаше чудно, размислував дали го правам правилно. Слушавме убава музика.“

Џесика Алба

„Не размислував сериозно да излегувам со момчиња сè додека не го сретнав мојот поранешен свршеник Мајкл, со кој не ни успеа затоа што бев премлада кога започнав да се состанувам со него. Имав само 18 години, бев невина.  Знаев дека сакам да бидам вљубена во личноста со која за првпат ќе имам секс, па сакав да биде со некој што е многу внимателен, што ќе ме сака и нема да ме остави.“

Џое Џонас

„Правев работи пред тоа, но сексуално станав активен на 20 години. Мило ми е што ја чекав вистинската личност.“

Scroll to Top