Пред 12 години никој не сакал да ја снима серијата Squid Game, денес вреди милиони

By

Повеќе од една деценија, корејскиот студија одбивале да ја Squid Game, која во последните неколку недели се вбројува во топ три најгледани серии на сите времиња. Серијата за три недели колку што се прикажува на „Нетфликс“, ги победила сите очекувања на филмските критичари.

dobivaj vesti na viber

Премисата на серијата е едноставна, натпреварувачите што победуваат на детските игри освојуваат пари, а оние што губат се убиваат. Оваа серија има девет едночасовни епизоди и за неа во моментов се зборува низ целиот свет.

Оттука многумина се чудат зошто Корејците одбивале да ја снимаат пред 12 години. Цензурата се должела пред се поради бруталното насилство во неа и егзекуциите кои се прикажани експлицитно, без да биде поштедена публиката од трауматичните детали.

Исто така во прашање било доведена екстремната парабола за неолиберализмот и неговиот нехуман, конкурентен капиталистички систем, каде што има малку победници и многу губитници.

„По 12 години одложување, светот се претвори во место каде чудните, насилни приказни за преживување се всушност добредојдени,“ рече сценаристот, Хван Дон Хек.

Тој рече дека се сетил на оваа идеја уште во времето додека живеел со неговата баба и мајка. Рече дека морал да го прекине пишувањето на скриптата и да го продаде својот лаптоп за 675 долари, за да ги покрие трошоците.

„По 12 години одложување, светот се претвори во место каде чудните, насилни приказни за преживување се всушност добредојдени. Луѓето секојдневно коментираат како серијата е релевантна на секојдневниот живот. За жал, светот се движи во таа насока“, рече Хван.

Squid Game бил замислен и напишан како концепт уште во 2008 година, а веќе во 2009-та година постоело деталното сценарио.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Attack on Titan (Dub) Episode 20

animeheaven es AnimeHeaven Your Name.

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 7

AnimeHeaven The Rising of the Shield Hero (Dub)

Your Lie in April Episode 21

tải go88