Пред принцот Хари, Меган била вљубена во келнер

Канаѓанецот Маркус Андерсон е вториот најважен маж во животот на Меган Маркл, по нејзиниот сопруг, принцот Хари, вели близок пријател на војвотката од Сасекс.

Изворот вели дека Меган со Маркус остварила посебен однос веќе неколку години наназад. Поранешната американска актерка била толку блиска со Марукс, што во одреден период била и вљубена во него.

„Меган за Маркус смета дека е згоден, шармантен и маж со одлични социјални вештини“, вели изворот.

Двајцата првпат биле забележани заедно во јавност во 2017 година. За тоа колку се блиски, сведочат и социјалните мрежи на кои во еден момент војвотката напишала:

„Не знам што ќе правам без тебе, мој драг бескрајно забавен пријател… Толку те сакам“.

Маркус е од Торонто, а во Лондон пристигнал на 18-годишна возраст. Работел како келнер, а за краток период успеал да се пробие меѓу светскиот џет-сет, создавајќи сопствена мрежа на добри пријатели. Меган ја запознал во 2011 година додека таа била во брак со својот прв сопруг.

Изворот близок до Меган тврди дека Маркус е човекот кој ја запознал Меган со некои од најбогатите и најмоќни луѓе во светот. Сегашната војвотка од Сасекс преку Маркус ги запознала и Амал и Џорџ Клуни.

Пријателот на американката вели дека Маркус бил човекот кој ги запознал Меган и нејзиниот сегашен сопруг Хари и дека тој им ги организирал нивните тајни состаноци. Тој тврди дека Маркус е најдобра личност за Меган, кога станува збор за односи со јавност. Тој е во состојба за неа да создаде најдобар можен имиџ.

„Маркус е тип кој може да зборува и со кралица и со конобарка и на крајот да направи и двете да се чувствуваат посебно. Тој е дискретен и исклучително шармантен“, вели блискиот пријател на Меган.

Scroll to Top