Пред смртта Лук Пери планирал да се венча со вереницата Венди

Неодамна починатиот актер од хит серијата „Беверли Хилс“ Лук Пери, на лето требало да се венча со неговата вереница Венди Медисон Бауер. Британски „Дејли Мејл“ пишува дека Лук и Венди планирале венчавка која требало да се одржи на 17 август во Лос Анџелес.

Порталот TMZ пишува дека актерот испратил и покани до најблиските роднини и пријатели. Венди во текот на овој викенд за прв пат проговорила по трагичната смрт на Лук, кој почина на 52 години од мозочен удар.

„Сакам до сите да изразам благодарност поради љубовта и поддршката која ми ја дадовте. Топлите приказни за дарежливоста на Лук беа извор на утеха во овој тежок период. Претходните 11 години со Лук беа најсреќните години од мојот жвот и благодарна сум што го имав тоа време со нив“, изјавила Венди и додала дека им се заблагодарува на неговите деца и семејството за целата поддршка и љубов.

Лук од бракот со Рејчел Мини Шарп има две деца, Џек (21) и Софи (18). Двојката се венчала во 1993 година, а се развеле во 2003 година.

Scroll to Top