„Предатор“, најпопуларниот акционен филм, наскоро во кино-салите

20th Century Fox го објави форшпанот за најновиот акцискиот филм „Предатор: Еволуција“. Станува збор за филм со најмногу акција од кој било негов претходник.  Критичарите ставаат акцент на хумористичните сцени и дијалози, кои претставуваат вистинско освежување.

Велат дека филмот со секое продолжение тонел подлабоко во својата бесмисленост и досада.Во 2010 година, „Предатор“ го оживеа овој серијал, но убавата слика за филмот кратко траеше, затоа што истиот не мина премногу добро во светските кино-сали.

„Предато: Еволуција“ ќе покаже дека во оваа франшиза има уште живот. Сцените се снимани во мрачните шуми во Џорџија. Смртоносните вселенски ловци се посилни од кога било претходно. Тие се попаметни и поубиствени. На нивниот пат застануваат банда од непослушни војници и професорка по еволуциска биологија. Главните јунаци ќе се обидат да го спасат човечкиот вид од целосно истребување.

Во „Предатор: Еволуција“, главните улоги ги имаат новите холивудски имиња. На големите кино-платна може да ги видиме Ивон Страховски, Оливија Мун, Бојд Холбрук, Стерлинг К. Браун, Џејкоб Тремблеј, Томас Џејн, Џејк Баси, Киган-Мајкл Кеј и Алфи Ален. За жал, улогата на Едвард Џејмс Олмос нема да ја видиме затоа што целосно е отстранета од филмот при крајот на постпрудукцијата.

„Предатор: Еволуција“, го режира сценаристот и режисер Шејн Блек. Филмот во кината стигнува на 13 септември во дистрибуција на „Блиц“ филмот.

Scroll to Top