Продукцијата на филмот за легендарниот музичар Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“ е прекината, затоа што режисерот Брајан Сингер „има здравствени проблеми“, објави Би-би-си.
Од „Твентит сенчури Фокс“ изјавиле дека снимањето на филмот е привремено запрено „поради неочекувана недостапност“ на Сингер.
Претставник на режисерот изјавил дека тој се соочува со проблеми поврзани со неговата и здравствената состојба на член од неговото семејство.
„Брајан се надева дека ќе се врати да работи на филмот набрзо по празниците“, стоело во изјава на претставникот, без да се прецизира за што поточно се работи.
Тами Малек ќе го глуми Фреди Меркјури. Режисерот Брајан Сингер претходно посочи дека филмот нема да биде чисто биографски, туку ќе опфати значаен период од музичката историја.
Премиерата на „Боемска рапсодија“ е најавена за 25 декември 2018 година.