Прекрасната Марго Роби меѓу славните колеги на премиерата во Лондон

Премиерата на „Беше еднаш во Холивуд“ го раздрма Лондон. Холивудските ѕвезди од најновиот филм на Квентин Тарантино беа присутни на свеченоста во британската метропола.

Марго Роби изгледаше беспрекорно во темнопортокалова креација од Оскар де ла Рента помеѓу нејзините славни колеги – Бред Пит и Леонардо Дикаприо.

Филмот го следи периодот кога се случуваат убиствата од страна на „семејството Менсон“. Леонардо влегува глуми неуспешен актер од вестерн ТВ-серија, кој заедно со својот дублер (Бред Пит) се обидува да се пробие во филмската индустрија. Марго Роби ја игра акетрката Шарон Тејт, која беше жртва на семејството Менсон.

Scroll to Top