Филмската компанија „Ворнер брос“ соопшти дека вториот дел на хитот „Вондер вуман“ наместо во ноември 2019 година, ќе биде промовиран на 5 јуни 2020 година. Главната улога во филмот ја игра Гал Гадот, а во филмот повторно ќе се појави и актерот Крис Пајн. Режисер повторно е Пети Џенкинс. Дејството на вториот дел од филмот ќе се случува во ’80-те години од минатиот век.
„Постигнавме огромен успех со објавувањето на првиот филм ‘Вондер Вуман‘ во лето, па откако повторно ни се укажа ваква можност, решивме да ја искористиме. Овој филм ќе се појави токму тогаш кога треба“, изјави Џеф Голдстин, претседателот на домашна дистрибуција на „Ворнер брос“.
Првиот дел на „Вондер вуман“ заработи преку 800 милиони долари.