Пријанка Чопра изгубила улога заради бојата на кожата

Поранешната мис на светот и боливудска ѕвезда, Пријанка Чопра, од пред неколку години гради кариера во Холивуд. Таа во едно скорешно интервју рече дека лани изгубила улога само затоа што имала „погрешен физички изглед“.

„Конкурирав за еден филм и некој од студиото му се јавил на еден од моите агенти и му рекол ‘Таа е со погрешен физички изглед’. Во своја одбрана прашав: ‘Треба да ослабам? Да не треба да почнам да вежбам, да направам стомачни мускули?’ Што точно значи погрешен физички изглед? Тогаш мојот агент ми ја кажа вистинската причина. Ми рече: Мислам дека сакаат некој што не е ‘кафен’,“ рекла таа.

Актерката признала дека инцидентот влијаел на неа, но дека се чувствува удобно во својата кожа во споредба со времето кога била тинејџерка во Бостон.

 

Scroll to Top