Пријанка Чопра ѝ помага на Индија во борбата со короната

Поранешната Мис на светот, актерката Пријанка Чопра Џонас е меѓу првите sвезди што почнаа акција за итна поддршка и помош на Индија, земјата која во момнетов е најзагорезена од пандемијата со Ковид-19. Таа и нејзиниот маж, пејачот Ник Џонас, почнаа соработка помеѓу фондацијата „Пријанка Чопра Џонас“ и „Гив Индија“, за собирање средства за лекување на лицата од корона.

Чопра, која има 63 милиони следачи на Инстаграм, испрати апел до своите фанови да донираат кој колку може, бидејќи Индија се соочува со недостиг на залихи од кислород, вакцини и друга опрема за спасување живот. Пораката ја сподели и на нејзиниот профил на Твитер, каде што има околу 27 милиони следачи.

„Пациентите заболени со ковид се принудени да најдат начин да се лекуваат дома бидејќи болниците се задушуваат од напливот на нови случаи и недостиг на испорака на кислород. Ајде да се здружиме и да ѝ помогнеме на Индија да биде безбедна и повторно да дише“, рече таа.

Пријанка се надева дека ќе собере донации од 3 милиони долари до крајот на мај. Откако го испрати својот апел, во еден ден беа собрани 1,04 милиони долари од околу 14,000 луѓе.

Во Индија во моментов има преку 25 милиони заразени со коронавирус. Последните недели властите пријавуваат меѓу 300.000 и 400.000 нови случаи дневно.

Scroll to Top