Принцезата Ана му подари на Даниел Крег кралски орден за заслуги

Британски актер, Даниел Крег доби кралски орден за заслуги за неговиот придонес во филмот и театарот.

„Принцезата Ана на Даниел Крег му го подари Орденот Свети Мајкл и Свети Џорџ како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот и театарот. Истиот орден Крег го носеше кога го глумеше Џејмс Бонд“, објавија од кралското семејство.

За потсетување, Крег глумеше во последните пет филма „Казино Ројал“ во 2006 година, „Tрошка надеж“ во 2008, „Операција Скајфол“ во 2012, „Спектра“ во 2015 и последниот „Не е време за умирање“ во 2021 година.

Во улогата на „007“, се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Крејг глумеше и во „Нож в грб“ во 2019 година заедно со Крис Еванс, Ана де Армас и Џејми Ли Кертис, а ќе се врати и во продолжението чиешто прикажување е закажано за крајот на следниот месец ноември.

Scroll to Top