Принцезата Беатрис е бремена: Кралицата Елизабета 12. пат ќе стане прабаба

Принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели го чекаат своето прво дете.Веста за бременоста на Беатрис беше објавена на официјалната страница на кралското семејство, а бебето ќе се роди наесен.

Ова ќе биде 12. правнуче на кралицата Елизабета. Таа 11. пат ќе стане прабаба ова лето, кога ќе се роди бебето на Меган и Хари, пишуваат британските медиуми.

Принцезата Беатрис и Едуардо се венчаа во тајност минатиот јули, без присуство на медиумите и официјални покани поради пандемијата со коронавирусот.

Беатрис е ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон.

Scroll to Top