Принцезата Дајана открила зошто секогаш одела со спуштена глава

Покојната британска принцеза, никогаш прежалената Дајана, во јавноста секогаш одела со спуштена глава. Тоа можело да се забележи на речиси сите нејзини фотографии и снимки во јавноста.

Дајана и самата била свесна за тоа, а во интервјуто дадено за британските медиуми ја открива и причината зошто тоа го правела.

„Кога се појавував во јавноста секогаш одев со спуштена глава. Секогаш кога ќе ги погледнам тие фотографии изгледам тажно, но не бев. Бев исплашена. Не бев тажна ни како дете. Тоа едноставено не сум јас. Се плашев од вниманието што го имав и ми требаа шест години за да почнам да се чувсвувам добро во сопствената кожа“, изјавила Дајана во едно од своите интервјуа.

 

 

Scroll to Top