Принцезата Јуџин чека бебе

Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек, чекаат бебе на почетокот на 2021 година, потврди Бакингемската палата. Ова е прво дете на внуката на кралицата Елизабета.

Принцезата, која е деветта во редот за тронот, е ќерка на војвотката Сара Фергусон и принцот Ендру, кој е вмешан во скандалот поврзан со оргиите со малолетници и починатиот милијардер Џефри Епстајн.

Јуџин и Џек се венчаа на 12 октомври 2018 година, на церемонија во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор. Принцезата носеше венчаница од Питер Пилото со отворен грб кој ги откриваше лузните од операцијата откако таа заболе од сколиоза на 12 години. На венчавката присуствуваа бројни славни личности меѓу кои Деми Мур, Наоми Кембел и Роби Вилијамс.

 

Scroll to Top