Принцот Чарлс сѐ уште не ги вратил чувствата за мирис и вкус три месеци откако се зарази со коронавирус

Принцот Чарлс вели дека сѐ уште не ги повратил чувствата за мирис и вкус, три месеци откако се зарази со коронавирусот.

Тој се сретна со медицинскиот персонал во Кралската болница во Глустершир, што беше негово прво појавување во јавност заедно со сопругата Камила од воведувањето на карантинот во Велика Британија.

„Тој зборуваше за своите лични искуства со коронавирусот. Зборуваше како ги изгубил чувствата за мирис и вкус и дека сѐ уште не ги повратил во целост“, изјавија од болницата.

Седумдесет и едногодишниот престолонаследник во март објави дека имал позитивен тест на коронавирус, проследено со благи симптоми.

„Имав среќа, поминав доста лесно“, кажа подоцна принцот Чарлс.

Се верува дека губењето на чувствата за мирис и вкус е еден од клучните симптоми на Ковид-19.

Scroll to Top