Принцот Чарлс се подготвува да стане крал 

Синот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Чарлс,  се подготвува да ја преземе круната, а на престолот официјално ќе застане кога мајка му ќе наполни 95 години и ќе отстапи од должноста.

Според британски „Метро“, принцот Чарлс се сретнал со својот татко во Сандингем за да разговараат за интервјуто што брат му, принцот Ендрју, им го дал на медиумите за неговата вмешаност во аферата со Џефри Епштајн.

Многумина сметаат дека принцот Чарлс одиграл голема улога во повлекувањето на принцот Ендрју од кралските должности и дека со тоа се подготвува за улогата на крал.

Кралицата Елизабета Втора ќе наполни 95 години за 18 месеци, а и нејзиниот сопруг, принцот Филип, на таа возраст се повлече од кралските должности.

Кралицата Елизабета е монарх со најдолго владеење досега. Таа стапи на должност на 6 февруари 1952 година.

Scroll to Top