Принцот Џорџ годинава станува првооделенец

Принцот Џорџ, најстариот син на британската кралска двојка Вилијам и Кејт Мидлтон, годинава ќе почне да оди во прво одделение. По летниот одмор, петгодишниот Џорџ го очекуваат голем број предизвици зад школската клупа.

Од оваа година принцот ќе добие и нов учител, но и посериозна школска програма, велат извори од кралското семејство.

Џорџ претходно беше запишан во приватното училиште Thomas’s Battersea, каде што ги развиваше клучните вештини од областа на пишувањето, течниот говор и математиката. Сега со принцот ќе се работи и на посериозни предмети од областа на науката, историјата и географијата.

За претшколското образование на младиот принц, Кејт и Вилијам досега одвојуваа 6.000 евра. Од сега ќе треба да издвојуваат 22.000 евра. Кралската двојка повеќе време ќе одвојува за да му помогне на Џорџ во читањето и решавањето на домашните задачи.

Џорџ е запознаен со основите на францускиот јазик. Оваа година стручен учител ќе ги подобрува неговите вештини по говор на француски јазик. Ќе има 35-минутен час преку читање бајки и песни. Странскиот вокабулар Џорџ ќе го прошири и со учење на деновите во неделата и предметите во училницата.

Религиозната настава ќе биде насочена и кон развивање на знаењето и разбирањето на христијанството, но ќе подучува и други религии и култури што постојат во денешното Обединето Кралство.

Во проучувањето на Библијата ќе се запознае само со поважните приказни, како оние за Ное и Давид и Голијат.

 

 

Scroll to Top