Принцот Филип ќе биде погребан на 17 април

Погребот на британскиот принц Филип е закажан за 17 април во 15 часот по британско време, соопштија од  Бакингамската палата. Сопругот на кралицата Елизабета Втора почина завчера на 99 години. Посмртните останки на војводата од Единбург ќе бидат поставени во ковчег во приватна капела во замокот Виндзор.  На денот на погребот, ковчегот ќе биде преместен во „ленд ровер“ кој бил омилен на војводата, а  потоа ќе биде пренесен до капелата „Сент Џорџ“. Поворката ќе ја придружуваат припадници на вооружените сили. Се вели дека подготовките за погребната церемонија се во согласност со последните желби на војводата и се адаптирани на ковид протоколите.

Војводата од Сасекс, принцот Хари, ќе допатува од неговиот дом во САД и ќе им се придружи на останатите членови на кралското семејство.

Вчера низ Велика Британија се одржа почесна стрелба во чест на смртта на принцот Филип. Низ цела земја ќе има осумдневна жалост.

 

Scroll to Top