Принцот Филип нема да биде гонет за предизвикана сообраќајна несреќа

Британското обвинителство соопштило дека 97 годишниот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета II, нема да биде кривично гонет поради сообраќајната несреќа која ја предизвика, а во која биле повредени две жени.

Одлуката била донесена само неколку дена откако од Бакингемската палата соопштиле дека 97 годишниот принц престанал да вози.

Обвинителите денес соопштиле дека донеле одлука, дека не е во јавен интерес принцот Филип да биде процусеиран за сударот кој се случил на 17 јануари.

Обвинителите ги земале во предвид сите околности во овој предмет, вклучувајќи го и нивото на одговорност, староста на возачот и предавањето на возачката дозвола.

 

Scroll to Top