Принцот Хари и Меган добија син

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл се породи денеска и на свет донесе здраво машко дете. Веста за пристигнувањето на новиот принц ја потврдиле и од кралското семејство на социјалните мрежи.

Војвотката Меган Маркл добила контракции во текот на денот, потврди Бакингемската палата, јави Би-би-си.

Војводата од Сасекс рече дека мајката и бебето се одлично, додавајќи дека сѐ уште размислуваат за името. Од Бакингамската палата соопштиле дека бебето тежи 3 килограми и дека војводата присуствувал на породувањето

Момчето тежи 3200 грама. Принцот Хари ја потврдил веста дека станал татко, со емотивна изјава во замокот Виндзор. Сопругот на Меган истакнал дека и двајцата се возбудени и ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката што им ја давале во текот на бременоста.

Ова е прво дете на кралската двојка Хари и Меган и ќе биде седмо во линијата за наследник на тронот на Велика Британија. Детето на Меган и Хари е осмиот правнук на кралцата Еизабета и принцот Филип.

 

Scroll to Top