Принцот Хари ја изневерувал Меган додека биле во врска

Војводата од Сасекс, принцот Хари, имал кратка романса со британската манекенка Сара Ен Меклин, пишува во новата книга на Анџела Левин „Хари: Разговори со принцот“. Левин е писателка која работи на биографиите на членовите на кралското семејство.

Левин вели дека принцот Хари сепак не бил маѓепсан од сегашната сопруга, војвотката Меган Маркл, како што самиот тврди. Принцот имал силни чувства и кон девојката по име Сара, која ја запознал на една забава, каде ја завел. Хари ѝ испраќал голем број пораки, но тоа никогаш јавно не го признал, пишува „Мирор“.

„На самиот почеток на врската со Меган Маркл, Хари одлучил да замине на состанок со манекенката Сара Ен Меклин. Се сретнале на една приватна забава. Ја прашал за број на телефон и почнал да ѝ испраќа бројни пораки. Тогаш се случила кратката авантура“, пишува Анџела.

 

Scroll to Top