Близок пријател до кралското семејство открива дека принцот Хари ја молел неговата сопруга Меган Маркл да почнат да одат на брачна терапија. Притисокот кој се создал меѓу нив двајца поради проблематичното семејство на Меган и расправијата со Вилијам и Кејт, кулминирал и сега двајцата се на работ на лудило.
Хари е во брак со Меган повеќе од година дена, но се чини дека брачните проблеми веќе почнале да се појавуваат. Поради тоа принцот наводно ја преколнува Меган да почнат да одат на терапија и брачно советување, пишуваат американските медиуми.
Влегувањето на американската глумица во Бакингемската палата, беше пропратено со некои одлуки на Меган, кои не биле во согласност со традицијата на кралското семејство. Нејзиното однесување создаде големи проблеми во семејството, а тоа веројатно е резултат на стресната прва година во новото опкружување и новите правила.
Принцот Хари веќе отишол на терапија за да се реши од нападите на паника и бес, првенствено по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана. Неговите пријатели велат дека без стручна помош, Хари не би можел да ги реши своите проблеми.
Пред помалку од две недели обожавателите ги коментирале фотографиите од крштевката на нивниот двомесечен син Арчи, по што почнале шпекулациите дека постојат некакви пробеми.
Корисниците на социјалните мрежи коментирале дека принцот изгледал гневно и дека неговата сопруга има лажна насмевка. Пишувале дека е невозможно да не се забележи непријатноста на лицата на Вилијам и Кејт, додека позирале со останатите членови на кралското семејство.
Со месеци се шпекулица дека двата кралски пара се во катастрофални односи, а трачевите добиле нова димензија кога Хари и Меган се преселиле од заедничката палата и ја прекинале соработката со Вилијам и Кејт, на хуманитарните проекти.