Дајана е едно од можните имиња што би можело да ги добие бебето на принцот Хари и Меган Маркл. Покрај Дајана, како можни имиња се јавуваат и Алис, Артур, Филип и Викторија.
Облогот за името на детето е стара англиска традиција и Британците вложуваат големи пари за некои од можните имиња. Детето на Меган и Хари веројатно нема да ја носи титулата на принц или принцеза, поради правилата од 1917 година.
Според правилата на принцот Џорџ Петти, бројот на членови кои можат да ја добијат титулата принц или принцеза е ограничен. Детето на принцот Хари е предалеку во семејната лоза за да ја добие оваа титула. Кралицата Елизабета би можела да го промени тоа, но засега ништо не е сигурно.