Принцот Хари и Меган Маркл одлучија каде ќе го минат медениот месец

Венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл се наближува, а како деновите минуваат се е поголема неизвесноста околу одржувањето на истата, но и околу фустанот кој невестата ќе го носи и медениот месец на кој ќе оди.

Двојката има доста пропатвано заедно. Се шушка дека кралската двојка ќе оди на меден месец во Намбију и дека ќе отседнат во кампот Хоаниб Валеј, кој се уште е во изградба. Од Кенсингтонската палата се уште не ги потврдуваат гласините кои ги следи кралската двојка.

Најмногу гласови се врзани за нивното повторно патување во Африка, особено на некое луксузно место или на сафари во Намбија, пишува Индепендент. Доколку двојката се одлучи за Намбија по сите овие гласини малку е веројатно дека тие ќе отидат таму. Еднаш кога кралските намери откриваат, плановите веднаш се променуваат.

Доколку двојката одлучи за Африка, веројатно ќе отидат во Малави или Руанда. Можеби идните сопружници, како инспирација ќе им послужу медениот месец на нивните роднини. Војводата и војвотката од Кембриџ отпатувале на Сејшел по венчавката. Принцот Чарлс и принцезата Дајана заминаа на крстарење на Медитеранот по нивната венчавка во 1981 година. Кралицата Елизабета и војводата од Единбург остнале во близина на нивниот дом, па медениот месец го минале во Хемпшир.

 

Scroll to Top