Вчера принцот Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Меган Маркл, направија крштевка за нивниот син Арчи. Хари неодамна на самитот за неговата мајка The Diana Award National Youth Mentoring во Лондон, проговори за тоа како се снаоѓа во новата улога на новопечен татко.
„Она што сега го спознавам како татко е убедувањето за тоа како мојот син секогаш ќе ме следи што јас работам, а можеби еден ден ќе ги следи и моите стапки“, изјавил принцот Хари.
„Но тоа не ми ја покажа само мојата улога на татко, туку и луѓето кои ги гледам секој ден и кои не разбираат колкаво влијание имаат и колкава инспирација се за оние кои ги следат“, објаснил Хари, кој ја спомнал и неговата мајка, принцезата Дајана, која доколку беше жива, на 1 јули ќе го прославеше 58 роденден.
„Таа беше пример за голем број луѓе, а не сваќаше колку делата нејзини влијаеа на нивните животи. Не морате да бидете принцеза или јавна личност за да бидете пример. Можете да имате еднакво влијание и луѓето многу лесно можат да се поистоветат со вас. Неверојатно сум горд на тоа што го постигна и можам со сигурност да кажам дека мојата мајка го чувствува истото“, вели Хари.
Меган и Хари за крштевката на својот син ја одбрале приватната капела на кралицата Елизабета во дворецот Виндзор. Двајцата изјавија дека сакале мирно место кое било од посебно значење за кралицата.
Кралските крштевки се приватни и на нив доаѓаат исклучиво најблиските членови на кралското семејство, кумовите и пријателите. Меган и Хари сакаат крштевката на синот да ја прослават прво во рамки на семејството, а потоа фотографиите да ги објават во јваност. Сеуште не е познато кој е кумот на Арчи.
Принцот Џорџ имал седум кумови, принцот Луис шест, а принцезата Шарлот пет.
Досега фотографии од крштевката кралското семејство нема објавено, освен од Кејт Мидлтон, која како што пишуваат британските медиуми го свртела целото внимание кон себе.