Принцот Хари се плаши од кралицата Елизабета

Во пресрет на документарецот за кралицата Елизабета, кој се очекува набргу  да биде емитуван на британската телевизиска мрежа, внукот на кралицата, принцот Хари, се пошегува на сметка на својата баба пред група посетители од Карибите.

„Вие во Бакингемската палата минавте повеќе време од мене, а тука сте само две недели. Дали се видовте со кралицата? Ако случајно налетате на неа, немојте да панчите. Знам дека ќе паничите. Сите ние во кралското семејството паничиме“, се пошегува принцот Хари пред гостите.

Документарецот за кралицата и Коменвалтот ќе се емитува пред заминувањето на турнејата на принцот Хари и Меган Маркл во Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и во Тонго.

Сите членови во кралското семејство, како и принцот Хари, учествувале во снимањето. Обожавателите на кралското семејство најмногу се веселеле кога ќе ја виделе сопругата на Хари, војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која исто така е дел од документарецот.

Меган, принцот Хари и принцот Чарлс ќе се појават во кадар зад сцената, каде што ќе коментираат и одговараат на прашањата за кралицата, а војвотката од Весекс, Софи, и ќерката на кралицата, принцезата Ана, ќе дадат интервју.

Деталите за улогата на Меган во филмот засега не се откриени. Извор од телевизијата изјави дека Меган ќе зборува за својата венчавка.

 

Scroll to Top