Принцот Вилијам дознал дека боледува од редок вид рак

By

Принцот Вилијам (38) , открил дека боледува од редок и напреднат вид рак, пренесуваат светските медиуми. Вилијам во последно време изгледала уморно и бледо, а наводно тоа било последица на опасната болест.

На Вилијам болеста му била дијагностицирана кога тој се тестирал на Ковид-19, тврди магазинот Natinal Enquirer. Лекарите му откриле дека боледува од редок вид рак, кој е во напреден стадиум, кој расте во неговото тело веќе три години.

Доброупатен анонимен извор од кралската палата открива дека принцот Чарлс знаел за тоа, но молчел заедно со кралското семејство. Тоа го криеле од јавноста, исто како и веста дека Вилијам е заразен од коронавирус.

Веста дека Вилијам, кој е вториот член по ред за британската круна, боледува од редок вид рак, кој ќе биде тешко да се излекува затоа што не бил откриен навреме, длабоко го потресла кралското семејство, а најмногу неговата сопруга Кејт Мидлтон и децата Џорџ, Шарлот и Луис.

Како што пренесува извор близок до кралското семејство, Кејт целосно се скршила кога ја дознала веста и со денови не излегувала од дома. Дури по неколку дена, таа успеала да собере сили и да застане на нозе.

„Вилијам ја убедува дека ќе го победи ракот со помош на најдобрите лекари и дека нема причини за никаква загриженост. Но, Кејт се плаши од најлошото и сака да го искористи секој момент да биде со него“, открива изворот.

Извор/story.hr

Ќе ви се допадне

AnimeTV demon slayer animetv: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 14 (https://animetv.cc/m/q2e/ep-14)

AnimeFreak vinland saga animefreak: My Hero Academia (Dub) Episode 13