Принцот Вилијам криел дека бил заразен со коронавирус

Принцот Вилијам криел дека бил заразен со коронавирус, пренесуваат британските медиуми. Откако во јавноста беше објавено дека во земјата започнал вториот бран на коронавирус, кој експертите веруваат дека ќе трае до 2 декември, на површина исплива веста дека внукот на кралицата уште во април го преоболил Ковид-19.

Извор близок до кралското семејство открива за „Сан“  дека во тој период бил заразен и премиерот Борис Џонсон, па затоа кралското семејство не сакало да крева дополнителна паника во јавноста.

„Вирусот го погоди прилично јако. На почетокот беше шокиран, затоа што беше млад и во топ-форма, но во една фаза имаше проблем и се мачеше со дишењето. Крена голема паника во семејството. Со оглед на тоа што и самиот почувствува дека вирусот може да биде незгоден, тој ја поддржува одлуката за целосно заклучување на земјата“, открива изворот.

Деталите за неговата состојба засега не се познати, но се очекува наскоро и самиот принц да се огласи во јавност и да ги каже деталите. Медиумите пренесуваат дека јавноста е заинтересирана дали и неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и малиот принц Луис, исто така се заболени од  Ковид-19.

За разлика од Вилијам, неговиот татко Чарлс имал многу поблаги симптоми. Каде се заразил, од палатата не можат да кажат, затоа што недела дена пред позитивниот тест Чарлс имал голем број јавни настапи и обврски. Тогаш се тестирала и неговата сопруга Камила, чиј тест бил негативен. Чарлс некое време бил во самоизолација во дворецот Балморал и така ја избегнал можноста за средба со остатокот од семејството и неговата мајка, кралицата Елизабета, која поради годините спаѓа во ризичната група.

Scroll to Top