Принцот Вилијам присилен од кралицата да ги решава проблемите кои Хари ги остави зад себе

Принцот Вилијам многупати досега бил принуден од кралицата да ги решава проблемите кои ги оставал неговиот три години помлад брат, Хари зад себе. Работите не се промениле од кога биле деца, пишува магазинот New Idea.

Откако Харим на големо изненадување на сите, го напушти кралското семејство, сега неговиот брат Вилијам на свој грб е принден од кралциата да ги превземе и да ги извршува некои од неговите должности.

Како што пишуваат медиумите, сопругата на Вилијам, Кејт Мидлтон му е и повеќе од помош во извршувањето на секојдневните кралски обврски. Сега, како што пишува New Idea, поради непромислениот потег на Хари, Вилијам ќе мора да превземе уште една должност.

Станува збор за местото врховен генерал на Кралската морнарица. Ваквата положба, само ќе го продлабочи јазот кој веќе постои меѓу двајцата браќа, сметаат експертите за кралското семејство.

Имено, Хари во 2017 година беше именуван на оваа функција, откако сопругот на кралицата Елизабета, 99. годишниот принц Филип, отстапи од должноста.

Но, од пристигнувањето на Хари во Америка од март годинава, кралицата сè уште нема именувано нов Врховен генерал, а во јавноста се шпекулира дека Хари би можел повторно да ја превземе оваа должност. Тој веќе во неколку наврати се израдува на такво нешто и го сподели со јавноста.

Тој неколку години беше активен во војската и учествуваше како пилот во воен хеликоптер. Наводно помладиот син на принцезата Дајана, потајно се надевал дека ќе си ја поврати оваа титула, но експертите велат дека тоа не е возможно, поради кралицата.

Тие велат дека Хари си ја прокоцкал шансата со повредата на кралските правила за немешање во внатрешните политики на странска држава. Хари во последните неколку дена, активно учествуваше во политичката кампања на кандидатот за американски претседател Џо Бајден.

Тоа е нешто што кралицата никогаш нема да му го прости, велат добро упатени извори од кралската палата. Веста дека Вилијам ќе го превземе местото на врховен командант во Кралската морнарица ја потврди и восок офицер во војската.

Дописникот за кралското семејство Ричард Памер, е убеден дека мешањето на Хари во политиката, ќе има сериозни последици. Тој тврди дека ако Вилијам ја превземе единствената должност која Хари сакалѓжж да ја задржи, тоа за војводата од Сасекс ќе биде голем удар.

Поранешен војник кој учествувал на воените игри Invictus Games, кои претходно ги организираше принцот Хари, неодамна откри за „Мирор“ дека на Хари му недостига морнарицата и дека би сакал еден ден да се врати на должноста.

 

Scroll to Top