Принцот Вилијам случајно го откри полот на третото дете

Како што пренесуваат британските медиуми, принцот Вилијам случајно го открил полот на бебето што го очекува со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Вилијам се пошегувал дека на детето ќе му го дадат името по Џек Грелиш, фудбалерот на „Астон Вила“, клубот на кој принцот е голем фан.

„Морам да инсистирам бебето да се вика Џек“, изјави принцот Вилијам и по долгата пауза, додал: „или Џеки“.

Принцот Вилијам ова го рекол за време на следењето на мечот на кој тимот на Грелиш победи над „Кардиф“ на шампионатот во вторникот.

Се разбира, ова може да биде само шега или последица на возбудување по добиениот меч.

 

Scroll to Top