Принцовите фалсификувале порака од дадилката за да добијат пица

Принцот Вилијам и принцот Хари еднаш фалсификувале порака од дадилката за да пробаат да добијат пица за вечера.

Поранешниот главен готвач на кралицата Елизабета, Дарен Мекгрејди, се присети како младите принцови му дале белешка, за која тие тврделе дека е од нивната дадилка, а на која било напишано дека можат да вечераат пица.

Тој речиси поверувал во тоа да не ги издал нивниот малолетнички ракопис .

Дарен им рекол дека ќе зготви голем број главни јадења за младите принцови, но очигледно тие не биле задоволни со пита или леплив пудинг од карамела што обично се нуди, па така напишале на лист дека нивната дадилка им дозволува да уживаат во пица таа вечер наместо предвиденото мени.

Додека принцот Вилијам можеби не е голем обожавател на леплив пудинг од карамела, наводно, овој десерт ѝ е омилен на неговата сопруга,  Кејт Мидлтон.

Готвачот Роди Вороу, кој работи во The Old Boot Inn, гостилница во Беркшир каде Мидлтонови често доаѓаат, откри дека Кетрин го сака „влажниот и сунѓерестиот“ пудинг.

Scroll to Top