Проектот за стадион на Дејвид Бекам осуден на пропаст

Дејвид Бекам во јануари доби зелено светло за основање на новиот клуб во најсилната американска фудбалска лига МЛС. Бекам доби дозвола по четиригодишна борба. Клубот, кој сѐ уште нема име, би можел да игра во Мајами. Првите мечеви се очекуваат да се бидат во 2020 година.

Сепак, иднината на овој проект во најмала рака е ставена под прашање. Како најголема пречка за Бекам и групата инвеститори што ги собрал за изградба на стадиони се проблемите и отпорот што ги прават граѓаните. Бекам и неговите луѓе избрале пет локации за изградба на стадионите, но секоја од нив поради разни причини наидува на проблеми или отпор.

Во моментите на добивање зелено светло за основање на клубот како локација фигурирало местото Овертаун. Сепак, тој проект во меѓувреме е напуштен иако Бекам и неговите партнери веќе ја купиле земјата. Покрај отпорот од локалните жители, градежниот магнат Јорге Мас, еден од најголемите инвеститори, сакал поатрактивна и поголема локација за новиот спортски комплекс.

Бекам и партнерите пронашле локација на терените за голф „Мелресе“. Но, и таму наишле на отпор. Се работи за јавно земјиште со еден јавен голфски терен внатре во градот Мајами каде што илјадници деца минуваат на школата за голф. Најчесто се запишуваат бесплатно. Поведена е петиција против изградбата и веќе се собрани 20.000 потписи.

Инвеститорите на Бекам ветиле голем спортски комплекс, кој, освен стадиони, би содржел и деловни простори, парк и неколку фудбалски терени отворени за јавноста. Комплексот, според нивните најави, би отворил 11.000 работни места и што е исклучително важно во овој случај, во целост би бил финансиран од приватен капитал.

Граѓаните на Мајами веќе еднаш се изгореа со изградбата на стадионот. Новиот стадион за бејзбол бил отворен во 2012 година, а даночните обврзници ќе заштедат 2,5 милијарди долари кога и последната рата од кредитот ќе дојде за наплата.

Бидејќи станува збор за јавно земјиште, граѓаните на референдум во ноември ќе се произнесат дали сакаат на тоа место да се гради новиот стадион. Ако Бекам и групата инвеститори добијат зелено светло, ќе бидат под голем притисок со времето ако сакаат клубот да почне да игра во МЛС-лигата од 2020 година. Едно е сигурно, амбициозниот план на Бекам нема да се оствари без нови проблеми.

 

 

 

 

Scroll to Top