Професионалниот стриптизер Пјај Финч вели дека жените често се агресивни: гребат и касаат

Професионалниот стриптизер Пјај Финч од група „Дримбој“ признал дека жените можат да бидат агресивни кон него кога ќе се опијанат и да бидат полоши од мажите.

„Ако излезеш во таа толпа жени, тие ќе се обидат да те грабнат, да те изгребат, дури и да те каснат“, раскажува Финч.

Членот на групата се занимава со овој бизнис повеќе од 10 години. Освен во професионалната кариера како стриптизер, тој имаше улога во последните епизоди од серијата Married at First Sight.

Најстрашното искуство во неговиот живот, вели професионалниот стриптизер, било кога се здобил со физички повреди за време на настап.

„Еднаш излегов од сцената под адреналин, убеден дека девојката само малку ме изгреба. Меѓутоа, кога погледнав малку повнимателно, сфатив дека имам три траги од нокти по целиот стомак и дека крварам“, раскажал Финч.

Нивната работа не е лесна, а има и многу инциденти. Финч исто така истакна дека има безброј ситуации каде девојките го бараат неговиот телефонски број, иако се во врска или во брак. Често ги одбивал, бидејќи е во среќна врска и нема намера да ја изневерува својата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DREAMBOYS® Live (@dreamboyslive_)

Групата „Дримбој“ е основана во 1986 година (Велика Британија) и се уште настапува низ целата земја. Станува збор за двочасовни групни изведби на професионални танчери и индивидуални стриптизети кои работат седум дена во неделата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DREAMBOYS® Live (@dreamboyslive_)

Scroll to Top