Професорка го освои Бред Пит  

Актерот Бред Пит сè повеќе време минува со познатата архитектка и професорка Нери Оксман, благодарение на проектот со кој тој моментално е ангажиран.

Пит, и самиот љубител на архитектурата и дизајнот, се запознал со 42-годишната Нери поради соработка во градежен проект.

„Веднаш се погодија, бидејќи и двајцата делат иста страст кон архитектурата, дизајнот и уметноста. Иако ова професионално пријателсто не прерасна во врска, има многу потенцијал за тоа“, вели извор близок на актерот за Page Six.

„Мислам дека главната причина што уште се нема ништо пикантно случено меѓу нив двајца е нивната претпазливост поради личното минато, но Бред е фасциниран од Нери и сака да поминува што повеќе време во нејзино друштво“, додава неименуваниот извор.

Scroll to Top