Промовиран мјузикл за животот на Тина Тарнер

Вчеравечер во Лондон се одржа премиерата на мјузиклот посветен на животот на светската музичка ѕвезда Тина Тарнер, наречен „Тина“. Режисер на мјузиклот е Филида Лојд, наградувана режисерка на мјузиклот „Мама миа“. Главната улога ја игра американската глумица Ејдријен Ворен.

На премиерата присуствуваше и самата пејачка, која заради мјузиклот, на кратко, се врати од пензија. Тарнер престана да пее во 2010 година, кога со сопругот се пресели во Швајцарија. Оттогаш ги одбиваше сите покани да настапува јавно, ама ја прифати понудата да биде дел од мјузиклот посветен на неа.

„Добив толку многу писма од обожавателите последниве години што морав да ја прифатам понудата да се вклучам во мјузиклот. Многу сум возбудена да видам како изгледа сето ова на сцената“, рекла Тина пред премиерата.

 

Scroll to Top