Прва кралска свадба во Грција по 50 години, се ожени грчкиот принц Филип со својата избраничка Нина

By

Викендов во Атина се одржа кралската венчавка на грчкиот принц Филип и неговата избраничка Нина Флор, која ги собра припадниците на сите европски монархии. Ова е прва кралска свадба одржана во Грција по 50 години.

Иако многумина очекуваа дека невестата ќе се одлучи за креација на некој од познатите грчки дизајнери, таа сепак се одлучи за венчаница од модниот бренд „Шанел“ од свилен тафт. И ако беше изработена специјално за неа, сепак беше направена по пример на една од креациите од нивната колекција за висока мода за престојната сезона есен-зима.

Нејзиниот изглед беше надополнет со превез од свилен тил и наметка со рачно зашиени бисери. Но и дијамантска цветна дијадема од скандинавско кралско потекло, која припаѓа на мајката на принцот Филип, кралицата Ен Мари. Таа ја носела пред венчавката со кралот Константин.

На венчавката присуствуваа принцезата Беатрис со сопругот и нејзината сестра Јужин, претставници од британското кралско семејство, како и другите претставници од шпанското, данското и од шведското кралско семејство.

Принцот Филип е роден во Лондон, а на неговата крштевка кумови биле принцезата Дијана и принцот Вилијам.

 

Ќе ви се допадне