Првата фотографија на Том Харди како Ал Капоне

Познатиот актер Том Харди ќе го луми ликот на Ал Капоне во филмот „Фонзо“, на режисерот Џош Тренк!

Том на голема радост на милион луѓе, ја објавил првата фотографија од снимањето. Актерот на фотографијата може да се забележи дека е кратко потшишан. На себе имал затворска униформа.

Приказната за ова остварување го отсликува последниот период од животот на Ал Капоне, кога боледувал од деменција како резултат на сифилис.

-„Фонзо“ го носи митот во приказната за озлогласениот американски гангстер Ал Капоне, со несомнено талентираниот Том Харди и Џош Тренк“, изјавил во својата изјава Алекс Волтон од продукциската куќа „BLOOM“.

Бидејќи Харди и тоа како има искуство со претставувањето на грубите ликови и гангстери, тешко кој би можел подобро од него да ја одигра оваа улога.

Chasing Fonzo…🔥🙏🌅🇺🇸🌠🌠🌠🌠😇😇😇😇

A post shared by Tom Hardy (@tomhardy) on

Scroll to Top