Режисерот Ендру Левитас со холивудскиот актер Џони Деп во средата ги направиле првите кадри во Белград од снимањето на новиот филм „Минамата“. На пристаништето покрај реката Дунав сè паркирани десетина приколку кои служат за сместување на персоналот. Исто така направени се и привремени работни простории.
За потребите на актерите биле ангажирани стотици лица за обезбедување, а насекаде имало поставени знаци за забрането снимање и фотографирање. Покрај десетиците приколки бил направен и голем хангар во кој се наоѓал сетот на идниот холивудски блокбастер „Минамата“.
View this post on Instagram
First look! #johnnydepp as Eugene Smith #minamata the makeup artist did a marvelous job! ♥️
Медиумите пишуваат дека освен еден видлив знак „Шминка“ на една од приколките, не постоел ниту еден друг натпис кој сугерирал дека баш на ова место се снима високобуџетен филм. Медиумите пренесуваат дека приватноста на главниот актер Џони Деп била приоритет за организаторите.
На сетот имало паркирано неколку комбиња со затемнети стакла, додека на едно од нив стои знак за влез во голем хангар. Тој е резервиран за главната ѕвезда, американските актери, продуцентите и музичарите.
Деп во филмот го игра Вилијам Еуген Смит, славниот американски воен фотограф, кој во 1972 година, го разоткрил труењето со жива на жителите на јапонскиот град Минамата. Филмот е базиран врз вистинска приказна, која го претставува испуштањето на тешки метали од локална фабрика.
Кога репортерот почнал со објавувањето на фото-есеите, бил нападнат од службениците на фабриката која ги испуштала тешките метали. Главниот лик Јуџин останува жив, но претрпува сериозни повреди, па неговата сопруга Јапонката Ајлин Миоко, продолжува со работата место него.
View this post on Instagram
I found the perfect camera and lenses to shoot #minamata #eugenesmith @itg_btl
Филмот „Минамата“ е заснован на неговиот дневник и направени фотографии. Екипата на „Минамата“ ќе остане во Белград седум недели, а потоа треба да се пресели во Тиват.