Првиот ден на принцезата Шарлот во градинка

Британската принцеза Шарлот, помалото дете на војводата и војвотката од Кембриџ, во понеделникот тргна во градинка.

Од Кенсингтонската палата објавија две нејзини фотографии на „Твитер“.

Фотографиите ги направила нејзината мајка, Кејт Мидлтон, еден час пред принцезата да тргне во градинката Вилкокс, во западен Лондон. Градинката е основана во 1964 година и е сместена недалеку од Кенсингтонската палата.

Градинката наплатува околу 16.500 евра за една година, и за време на последната официјална инспекција во 2012 година оценета е како извонредна.

Шарлот, помалата сестра на Џорџ, во мај ќе наполни три години. До тогаш Шарлот ќе стане постара сестра затоа што кралското семејство очекува принова во април.

 

Scroll to Top