Рафаел Надал ќе се жени со тинејџерската љубов

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал следниот месец ќе се ожени со својата тинејџерска љубов, Мери Парело. Свадбата ќе се одржи во Мајорка, а поканети се повеќе од 500 гости, објави шпанскиот ТВ-канал „Телекинко“.

Според нив, познатиот шпански готвач Кике Дакоста ќе подготви посебен оброк за тенисерот, а останатите гости ќе бидат послужени со традиционална шпанска храна на база на месо и риба. Точниот датум на венчавката засега не се објавува јавно, а се кријат и деталите за венчавката.

Надал и Мари Парело се во врска 14 години. Двојката се вери пред околу една година.

Scroll to Top