Рајан Рејнолдс ја откри тајната на среќниот брак

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ја откри тајната на среќниот брак со Блејк Лајвли. Тие се во брак веќе шест години, а според Рајан, тие се среќни оти следат само едно правило.

„Не дозволуваме нашата работа на филмовите да се поклопува. Тоа значи дека кога јас работам на некој филм, таа не работи и обратно“, рекол Рејнолдс во интервју за списанието „Пипл“.

Тие овие планови ги прават заради децата.

„Само сакаме да создадеме топло и среќно опкружување за нашите деца“, додал тој.

Пред бракот со Блејк, Рајан беше женет со канадската пејачка Аланис Морисет.

Scroll to Top