оливудскиот глумец Рајан Рејнолдс сака да го купи фудбалскиот клуб „Рексам АФЦ“ кој настапува во петтата британска лига, пренесеуваат медиумите. Коинвеститор со Рејнолдс во клубот ќе биде и Роб Мекелхени, креаторот на ТВ-серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија“.
Клубот објави дека го одобрил планот на Рејнолдс и Мекелхени, и тие сега ќе треба да ја претстават својата визија за иднината на филмот пред повторно да се гласа дали ќе им го продадат.
Рејнолдс и Мекелхени се само едни од многуте холивудски ѕвезди кои инвестираа во фудбалот. Вил Фарел е ко-сопственик на Лос Анџелес ФЦ, а Натали Портман е ко-сопственик на новиот женски клуб од Лос Анџелес кој ќе се формира во 2022 година.
Рексам, иако е од Велс, игра во англискиот фудбалски систем. Клубот е основан 1864 година, како трет најстар професионален клуб на светот и најстар велшки клуб. Во 2007/08 година тие играа во втората лига.