Ракија и оро – Роберт де Ниро има многу спомени од Белград

Холивудскиот актер Роберт де Ниро има интересни спомени од Белград. Оваа несекојдневна сцена била забележана со фотоапарат во далечната 1976 година, а на својот фејсбук-профил сега ја споделил Горан Весиќ, со порака: „Белград е свет“.

Познатиот актер Роберт де Ниро пред 60 години се заљубил во Србија кога престојувал во некое семејство во близина на Ниш.

Тој бил во селото Чокот, а постојано јадел домашна погача и сирење. Некои од селаните се присетуваат дека тој стопирал автомобили на патот за да го пренесат до некое место, но тогаш никој не знаел кој ќе биде тој еден ден.

Љубезното семејство Ѓокиќ во селото му понудило соба, а поминале три дена заедно со разменети насмевки и неколку реченици, а Де Ниро им помагал во извршувањето на секојдневните обврски.

Кога Де Ниро тргнал да си оди, семејството во кое престојувал му ја наполнило торбата со домашна погача и сирење за да му се најдат попат.

Scroll to Top