Раперката Ники Минаж стана мајка

Американската пејачка и раперка Ники Минаж стана мајка. Таа откри дека се породила, но не ги откри името и полот на бебето.

Веста за бременоста Минаж ја објави на крајот на јули кога објави неколку фотографии од бременоста на „Инстаграм“.

„Љубов, брак и бременост. Јас сум исполнета со чувство на благодарност и возбуда. Ви благодарам на сите за вашите љубезни желби”, напиша тогаш раперката.

Ова е прво дете за Минаж и нејзиниот маж Кенет Пети, нејзин пријател од детството. Ники и Кенет беа во врска кога таа имаше 16, а тој 21 година. Лани ја обновија врската и се венчаа. Ники потоа објави дека се повлекува од јавниот живот за да основа семејство.

 

Scroll to Top