Раперот Др Дре тајно ја посети Хрватска

By

Американскиот рапер, продуцент и актер Др Дре тајно ја посети Хрватска, а на „Инстаграм“ се појавија видеа од него како ужива на луксузна јахта, која плови на Јадранот.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за јахтата „Наија“, долга 73,6 метри, која може да смести до 12 гости во осум кабини. Покрај тоа, има хелиодром, лифт, сала за вежбање, пентхаус со панорамски поглед, библиотека, џакузи, како и подморски хангар за истражување подморници.

Јахтата е изградена во 2011 година, во неа се инвестирани 60 милиони долари, а дизајнот на ентериерот е британецот Марк Бериман Дизајн. Она што на сите им привлекува најмногу внимание е тоа што цената за изнајмување на јахтата Naia на неделно ниво е 580.000 евра, а Др Дре е на листата на познати личности што често ја изнајмуваат оваа јахта.

Да потсетиме, Др Дре ја посети Хрватска, а видеото од јахтата првично беше објавено на „Инстаграм“ од Фред Врек, музички продуцент кој работеше за Снуп Дог, Др Дре, Еминем и други ѕвезди. Судејќи по најавите на Фред, тие на почетокот на месецот беа во Хрватска, а за време на турнејата ги посетија Вели Рат, Задар, Крк, Сплит, Ластово и Дубровник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FʀᴇᴅWʀᴇᴄᴋ (@fredwreck)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FʀᴇᴅWʀᴇᴄᴋ (@fredwreck)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FʀᴇᴅWʀᴇᴄᴋ (@fredwreck)

Ќе ви се допадне