Расел Кроу го распродава имотот

Австралискиот актер Расел Кроу на 7 април преку аукциска куќа „Сотби“ ќе го продава својот и имотот на поранешната жена Даниел Спенсер. Вечерта ќе се одржи под мотото „Уметноста на разводот“, токму на 54. роденден на Кроу. Истиот ден е и годишнинаta од свадбата на Расел и Даниел.

На аукцијата ќе бидат понудени 200 предмети поврзани со филмската кариера на Кроу, но тој ќе продава и автомобили, мотори, гитари, уметнички слики, накити и други вредности што го потсетуваат на бракот со Даниел Спенсер, а од која е раздвоен цели 5 години.

„Иако сме раздвоени веќе пет години, нашиот развод ќе биде официјално заклучен на почетокот на април. Верувам дека и двајцата сакаме да се ослободиме од овие предмети. Знам дека тие имаат голема емотивна, па и материјална вредност, но од практична страна, мене тоа ми значи дека ќе се ослободам од три полни соби со предмети што веќе никогаш нема да морам да ги чистам, осигурувам или селам“, рекол Расел во изјава за „Дејли телеграф“.

Scroll to Top