Расел Кроу и Стинг по грешка завршиле на свингерска забава

Австралискиот актер Расел Кроу (57) на „Твитер“ објави  како го поминал времето по концертот на групата „Police“ во Ирска. По настапот во Даблин во 2007 година, пејачот на групата Стинг (69) го однел Расел во локалeн паб, кој во тој момент случајно бил домаќин на свингер настан.

Ѕвездата на „Гладијатор“ напиша дека по состанокот со Стинг, случајно се нашле во клубот,каде што во тек била свингерска вечер.

Расел Кроу во тоа време беше оженет со Даниел Спенсер, со која има два сина.

Ова сеќавање на деталите од минатото доаѓа во пресрет на ангажманот на актерот во филмот, психолошкиот трилер – „Poker Face“.

Според „Сандеј телеграф“, станува збор за филм во режија на Гери Фледер, чие снимање ќе започне следниот месец во Австралија.

Од познатите актерски имиња, во филмот ќе се појави и ѕвездата Натали Портман.

„Poker Face“ е приказна за технолошкиот милијардер Џејк (кој го глуми Расел Кроу) кој ги собира пријателите од детството на неговиот имот во Мајами, што се претвора во покер со високи влогови.

Scroll to Top